По повод 20-годишнината од премиерата на лентата “Титаник” во режија на Џејмс Камерон, добитничката на “Оскар” Кејт Винслет, која влезе во улогата на Роуз, гостуваше во шоуто на Стефан Колбер и се согласи да одговори на некои прашања. Убавицата откри интересни работи од сетот, меѓу кои како би го спасила Џек и која друга ѕвезда се борела за улогата, толкувана од Леонардо ди Каприо.
Колку често го слушаш хит на Селин Дион “Моето срце ќе продолжи”?
Никогаш.
Колку прецизно планирано беше времето за “сексот во колата”. Дали тој беше во сценариото?
Мислам дека тој не беше во сценариото, решивме на денот на снимањето. И да, тоа беше потта во автомобилот, но стаклата беа допрскани понатаму за да се добие тој отпечаток на стаклото.
Дали навистина добивте пневмонија поради снимањата во водата?
Не, но добив хипотермија. Беше многу студено и немаше начин да се стопли толку многу вода.
Дали твоите деца го гледаа филмот?
Само половина.
На “Парамаунт” му се допадна Метју Мекконахи за Џек, но Камерон инсистираше на тоа да е Лео. Дали ќе беше поинаку ако тие го зедоа Метју?
Бев на кастинг со него. Зар не е чудно? Не го кажав тоа досега јавно. И тоа беше неверојатно. Ако го зедоа него, тоа би била приказната за Џек и Роуз.
Велиш во филмот: “Јас никогаш нема да те пуштам, Џек.” Но, тоа го правиш.
Излажав. Знам дека излажав. Го пуштив … но мислам дека тој мораше да турка малку повеќе со таа врата, имаше простор за нас двајца низ таа врата.