Пратеникот Груби на средби со претставници на НАТО и ЕУ во Брисел

од desk2
62 прегледи

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби, денеска во Брисел имаше средба со Кнут Кирстен, одговорен во политичкото одделение на НАТО за Македонија, како и со претставниците на САД, Велика Британија, Унгарија, Романија, Словенија во Алијансата.

Груби, како што информира неговиот кабинет, ја истакна неопходноста за итно членство на Македонија во НАТО и подготвеноста на властите во Скопје за сериозно и итно решавање на реформите, како прашањата со соседите.

Покрај добрососедството, Груби говореше и за посветеноста на Скопје за спроведување на реформите за да се гарантира владеење на правото во Македонија, како и за јазичната еднаквост и за други актуелни прашања.

Груби во Брисел разговаше и со Хојт Ји, заменик-помошник секретар на САД.

Тој учествуваше на тркалезната маса на тема „Западниот Балкан на крстопат: Нови предизвици, променета динамика“ што се одржува на иницијатива на „Пријателите на Европа“ и на Европскиот самит за европска политика, на која учествуваат и премиерот на Албанија, Еди Рама, директорот на Директоратот за европска соседска политика и проширување, Кристијан Даниелсон, Мишеле Гиацомели, специјален пратеник на италијанското МНР за Балканот, словенечката европратеничка Тања Фајон.

Слични содржини