Производи:
1 готово пица тесто, одмрзнато
1 тегла чоколада по ваш избор
свежи јагоди, банани, други ваши омилени плодови
јатки
чоколадни стапчиња
Подготовка:
Извадете го тестото. Ако калапот во која ќе ја печете пицата е со нелеплива облога, нежно подмачкајте со малку сончогледово масло (ако нема таков слој, треба да го набрашните дополнително).
Ставете го тестото во него и со вилушка дупнете го на 10-15 места. Печете во загреана рерна на 180 степени за околу 12-15 минути. Откако ќе биде подготвена, оставете го да се излади за 5 минути и пренесете го на соодветна чинија за служење. Премачкајте со вкусна чоколада додека е топло.
Наредете ги исечените плодови, посипете ги со чоколадни стапчиња, ореви или други јатки. Добар апетит!
310