Индија забрани ТВ реклами за кондоми преку ден

од Vladimir Zorba
167 прегледи

  Индиските власти ги забранија рекламите за кондоми на телевизија дење, со оценка дека некои од нив се со „вулгарни содржина” и дека децата треба да бидат заштитени од тоа. 

Министерството за информации им наложи на 900 ТВ канали да не пуштаат реклами за кондоми од 6:00 до 22:00 часот, и дека доколку не ја почитуваат забраната, ќе бидат казнети.

„Наложено им е на сите телевизиски станици да емитуваат реклами за презервативи, оти би можеле да бидат непримерни за деца”, стои во соопштението.