Најтемно е пред зора. Оваа мудрост беше потврдена и со настаните во Македонија, која преживеа бурна 2016 година и уште побурна пролет на 2017 година, достигна кулминација со насилството во парламентот на 27 април по изборот на Талат Џафери од Демократската унија за интеграција (ДУИ) за претседател на македонскиот парламент.
Македонија беше без влада од декември, кога ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори, но не доби доволно гласови за формирање влада. Партијата на Никола Груевски, владееше во континуитет 11 години, отиде во опозиција, откако албанскиот партнер, Демократската унија за интеграција претпочита коалиција со Социјалдемокартскиот сојуз (СДСМ) на Зоран Заев.
На 1 јуни со 62 гласа „за”, петмина воздржани и 44 гласа „против” во парламентот на Македонија беше изгласана новата влада на премиерот Зоран Заев, што сврте нова страница во политиката на земјата на внатрешен и меѓународен план. Намерата на владата да ја отстрани земјата од изолација и да го забрза процесот на евроатланска интеграција беше јасно и експлицитно наведено.
Затоа првата посета на новоизбраниот премиер, по Брисел, беше Софија, уште повеќе што од 1 јануари 2018 година Бугарија го презема претседателството на Советот на ЕУ и е целосно подготвена да и помогне на Македонија во интегративните процеси.
-Ова е историски момент за мене и за мојата земја, рече Зоран Заев во Софија. Тој вети дека ќе се откаже од национализмот, побара и доби од Бугарија помош и поддршка за аспирациите на Македонија да стане полноправна членка на НАТО и ЕУ.
Како знак за новите односи меѓу двете земји премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев заедно положија цвеќе пред споменикот на цар Самоил.
Од наша страна беше кажано дека Бугарија го поддржува државниот и територијалниот интегритет на Македонија, нема проблем со уставното име на земјата и е подготвена да посредува во споровите со други земји за обезбедување на полноправно членство на Македонија во НАТО.

Несомнено најважниот резултат од средбата во Софија беше одлуката да се потпише Договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Тоа го потврди создавањето на нова, позитивна клима за развој на билатералните односи со Бугарија.
Парадоксално е дека пред тоа носител на оваа позитивна енергија беше Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Љубчо Георгиевски, а сега најголемата опозициска партија е единствената партија во Македонија, која се изјасни против Договорот. Според ВМРО-ДПМНЕ, договорот е „штетен за Република Македонија и ги понижува нашите сограѓани”.
ВМРО-ДПМНЕ има сериозни забелешки на неколку точки од договорот и најмногу по оние со кои се укажува постоење на заедничка историја и предвидува создавање на државна комисија, која ќе расправа за промени во учебниците по историја во Македонија. За партијата е неприфатливо и откажувањето од „македонското” малцинство во Бугарија, како и „непотребното определување на македонскиот јазик како јазик согласно Уставот”.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ сака граѓаните да го кажат своето мислење за договорот на референдум.
Но, во исто време, голем број пратеници и членови на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарско државјанство.
Потпишаниот на 1 август во Скопје Договор за добрососедство, пријателство и соработка стапна врз декларацијата, потпишана во 1999 година од премиерите Иван Костов и Љупчо Георгиевски. Сега документот е обновен во врска со новата позиција на Бугарија – членството во ЕУ и НАТО, и доби високи оценки од тие организации и од САД, што ја зајакна можноста на Македонија да го забрза својот пат кон членството во ЕУ и НАТО.
Позитивни случувања се очекуваат на следниот самит на НАТО следната година.

Создавањето нова, поповолна клима во билатералните односи има позитивно влијание во многу сфери, вклучувајќи ја и конзервативната институција како црквата. Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија испрати до Бугарската православна црква писмо во кое сака таа да стане нејзина црква мајка и да се заложи пред останатите православни цркви да ја признаат нејзината автокефалност и да добие позитивен одговор.
Постигнувањето предизвика различни реакции – од одобрување и задоволство до негација и напаѓање, но мора да се признае, по изразот на Петар Богојески од штабот за реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ, дека бугарската и македонската црква покажаа „апостолска храброст”.
Одлуката на Бугарија и Македонија да восприемат прагматичен приод со поглед не кон минатото, туку кон иднината, најде одраз во заедничкиот состанок на двете влади на крајот на ноември во Струмица, на која беа потпишани десетина договорот и спогодби, од кои корист ќе имаат граѓаните на двете земји. Беше одлучено да се намалат цените за роаминг помеѓу Бугарија и Македонија. Беа дискутирани проекти во економијата, енергетиката и граничната соработка, со цел да се зајакнат трговските врски и деловните контакти меѓу двете земји.
Зоран Заев додаде дека заедно со Бојко Борисов се договориле да се направи и студија за развој на снабдување со природен гас, како и начините за транзитирање гас до Европа. Тој наведе дека транспортниот коридор број 8 е приоритет за двете страни.
-Нашата политика е на присоединување во сферата на инфраструктурата, комуникациите и енергетиката, бидејќи тоа само по себе носи инвестиции. Луѓето сакаат приходи, да можат да патуваат, да прават бизнис и ние сме должни да им создадеме можност за тоа, рече и премиерот Борисов.
Се очекува до крајот на годината, бугарскиот и македонскиот парламент да го ратификуваат Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што ќе овозможи да започне реализацијата на проектите од заеднички интерес и Македонија да направи чекор напред кон евроатланската интеграција.
Бугарија прва ја призна независноста на Македонија во 1992 година.
Оттогаш двете држави изгубија многу време и пропуштија многу можности, гледајќи кон минатото.
Повеќе нема време за губење. Време е да погледнеме кон иднината.
БТА
Рајна Асенова