По 16 пат денес ќе се поставува новогодишна подводна елка кај Заливот на коските

од desk2
104 прегледи

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, денеска ќе ја накитат новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.

Традицијата за поставување на елката во водите на езерото започна пред 16 години и претставува вистинска атракција.