Изгоре куќа во Лисиче

од desk2
158 прегледи

Пожар избувнал синоќа во куќа во населбата Лисиче спроти трговскиот центар. Една куќа е изгорена до темел, но за среќа нема повредени.

Пожарот избувнал околу 22 часот во куќа во која живее повеќечлено семејство, на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.

Противпожарните екипи се на терен и пожарот е локализиран да не ги зафати соседните куќи.