„Samsung стави крај на 25-годишното лидерство на „Intel“ на врвот на листата на најголемите производители на чипови, станува јасно од финансиските резултати на јужнокорејската компанија.
Нејзината единица за чипови, која веќе подолго време е и најважна, има 69 милијарди долари приходи за 2017 година, надминувајќи го „Intel“ со нивните 62.8 милијарди. Сама по себе, минатата година беше рекордна за „Intel“ и компанијата забележа зголемување од шест проценти, но тоа не беше доволно за да се спречи „Samsung“ да ја замени од врвот, кој американската компанија го држеше од 1992 година, пишува „Tech Crunch“.
Нешто повеќе, прогнозата на ИТ гигантите на среден и долг рок е дека побарувачката за чипови ќе продолжи да расте поради потребите на новата генерација на поврзани уреди. Меѓу фокусот на компанијата ќе бидат облачните услуги, вештачка интелигенција и автомобилите. „Samsung“ потврди дека исто така ќе се фокусира на својот „Bixby“ гласовен асистент, како и на 5G технологијата.
Бизнисот на „Samsung“ со дисплеи, кој го снабдува и Apple со OLED екраните, бележи раст за пет проценти во однос на претходната година. Компанијата потрошила рекордно висока сума за да го зголеми производството на мемории и OLED екрани.
Само кај паметните телефони има одредена неизвесност, велат аналитичарите, како резултат на конкуренцијата на кинеските компании на пазарите во Европа и Азија.