„Nokia 3310“ доби и 4G верзија

од Vladimir Zorba
236 прегледи

„HDM Global“ објави трета верзија на „Nokia 3310“. Новата варијација поддржува 4G мрежи и е опремена со оперативниот систем „YunOS“, кој е варијанта на „Android“. Сепак, 3310 не се претвора во паметен телефон и не може да се инсталираат дополнителни апликации во уредот.

Благодарение на оперативниот систем, сепак, „HMD Global“ успеа да им обезбеди на корисниците неколку пред-инсталирани програми, а една од нив овозможува да го користите уредот како Wi-Fi пристапна точка. Хардверските карактеристики на новиот „Nokia 3310“ вклучуваат 256 MB RAM и 512 MB меморија за апликации.

Уредот, исто така, нуди 2.4-инчен екран од 240×320 пиксели, FM радио и 2MP камера, кои исто така се достапни во веќе познатите верзии. Батеријата има капацитет од 1200 mAh и, според официјалните информации, трае до 12 дена во режим на подготвеност и до 15 часа кога зборувате преку 2G мрежи.

Користењето на „VoLTE“ го намалува времето за разговор до 5 часа. Уредот во моментов е достапен само за кинескиот пазар и продажбата ќе започне кон крајот на февруари.

Засега, нема најавена цена и не е јасно дали 4G варијацијата на „Nokia 3310“ исто така ќе биде достапна и во други земји.

Слични содржини