Кон рекламната кампања за новата колекција на Кание Вест „Yeezy Season 6“ се вклучи и Парис Хилтон и тоа во неочекуван лик. Таа се претвори во нејзината заколната непријателка – Ким Кардашијан – истата коса и облека.
Природно, прилично тешко двете можат да бидат збунети – Хилтон не може да се пофали со формите на Кардашијан.
Сликите направени во рамките на новата рекламна кампања, првично се појавија на страниците на Ким во социјалните мрежи, а набргу потоа и во профилот на Парис.
Многу обожаватели на двете славни личности едвај ќе ја проголтаат оваа соработка. Тие не заборавиле дека односите меѓу двете биле доста сложени, кога Парис беше ѕвездата, а Ким – само нејзина асистентка, која и помага во изборот на фустани.
Со зголемувањето на популарноста на Ким Кардашијан, двете престанаа да комуницираат. Исто така, имаше и вербални напади една кон друга.
Минатата година, сепак, на тоа се стави крај. Семејството Хилтон беше покането на традиционалниот роденден на Крис Џенер. Оттогаш мразот помеѓу Париз и Ким почна интензивно да се топи.
Тие имаат и што да споделат една со друга. Ким е среќна мајка, а Париз ја подготвува долгоочекуваната свадба.