Следната мобилна игра на „Nintendo“ ќе биде „Mario Kart“ – уште една од легендарните игри на јапонската компанија.
„Nintendo“ најави дека развива апликација со име „Mario Kart Tour“, која ќе излезе во текот на следната фискална година на компанијата, која завршува на крајот на март 2019. Засега нема детали за играта, но нема да се изненадиме ако таа се појави пред крајот на оваа година навреме за предпразничната сезона.
„Mario Kart“ е меѓу најуспешните и насакани гејмерски серии на „Nintendo“ со милиони продадени копии и нејзината појава на мобилни уреди сигурно ќе генерира голем кориснички интерес.
Јапонската компанија сега нуди неколку мобилни игри – „Super Mario Run“, „Fire Emblem Heroes“ и „Animal Crossing: Pocket Camp“, но сигурно работи на уште наслови и „Mario Kart“ е еден од нив.
Минатата година, имаше информации дека ќе видиме мобилна игра од популарната „The Legend of Zelda“.