Роналдо повторно не тренира со Реал

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, повторно не тренира со своите соиграчи. Втор последователен ден, португалецот не се појави на теренот за тренинг, напиша „АС“.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ остана во фитнес-салата, каде се подготвува по индивидуална програма.

Во меѓувреме, Серхио Рамос и Рафаел Варан се вклучија целосно во тренингот на „белите“. Хесус Ваљехо и Дени Себаљос продолжуваат да се опоравуваат.

Во претстојниот 22. круг, Реал Мадрид оди во посета на Леванте. Средбата е на 3 февруари во 20:45 часот.

„Кралскиот клуб“ е четврти во рангот со 38 поени, но со меч помалку. Лидер е Барселона со 57 поени.