Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер уште еднаш изрази незадоволство од она што се случува на трансферниот пазар во последните години.
Французинот смета дека огромните суми кои некои клубови ги трошат за нови фудбалери, ја убиваат конкуренцијата во големите лиги во Европа. Според него треба да се направи нешто за да се намали разликата меѓу гигантите и помалите тимови, инаку интригата ќе биде уништена целосно.
„Кога ќе ги погледнете петте големи европски првенства, јасно е дека изненадувањата речиси исчезнаа. Сè е предвидливо. Штом од декември знаеме кој ќе биде новиот шампион во секое од овие првенства, тогаш нешто не е во ред. Огромната финансиска моќ на некои од овие клубови ја убива конкуренцијата во првенствата“, смета Венгер.
Клубовите во Премиер Лигата потрошиле 419,5 милиони фунти за зимски трансфери. Седум од нив ги срушија трансфер рокердите, вклучувајќи го и Арсенал.