Манчестер Сити се сопна во Барнли

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Манчестер Сити се сопна против тимот на Барнли, откако „граѓаните“ одиграа 1:1 како гостин со тимот на Шон Дајч. Погодокот за Сити го постигна Данило, а за домаќините прецизен беше Јохан Гудмундсон.

Уште од самиот почеток фудбалерите на Пеп Гвардиола ја презедоа иницијативата, откако владееја повеќе со топката.

Во 22-та минута на дуелот Де Бруин исполни корнер, подавајќи на Давид Силва, кој продолжи до Данило, а тој со одличен шут од 25 метри ја внесе топката во голот на Ник Поуп – 1: 0 за Сити.

10 минути подоцна Барнли се обиде да израмни преку Бен Ми, но неговиот удар беше спасен.

Во 55-тата минута Стирлинг промаши од добра позиција, а во 71-та минута повторно крилото на „граѓаните“ направи нов грандиозен пропуст, по што беше заменет.

Така се дојде до 82-та минута, во која Гудмундсон израмни со глава по центрирање на негов соиграч.

По овој резултат, Манчестер Сити продолжува да биде убедлив лидер со 69 поени, а Барнли е 7-ми со 36 поени.

Слични содржини