238
Еибар ја победи Севиља со 5: 1 дома во натпревар од 22-тото коло на Ла Лига. Домаќините беа доминантни на теренот и ја заслужија победата.
Кике го отвори резултатот во првата минута, а во 17-тата Фабијан Орелана удвои.
Четири подоцна, Сарабија врати од пенал. Во 32. минута, Иван Рамис го направи водството 3:1.
Во вториот дел, Орелана со вториот погодок на натпреварот и Арбила го оформија конечниот резултат.
Еибар собра 32 поени и го зазема седмото место, додека Севиља е со еден повеќе и е шеста.