428
„Warner Bros“ нарачале нова серија за приказната на Супермен, објави „Screen Rant“. Шоуто ќе се вика „Metropolis“, а 13 епизоди веќе се договорени за него.
Тој ќе ја раскаже приказната на Кларк Кент пред да стане Супермен. Се очекува дека главните ликови во продукцијата ќе бидат Луис Лејн и Лекс Лутер.
Продукцијата најверојатно ќе има врска со „X Files“. Главните ликови ќе истражуваат различни научни и окултни феномени пред да се појави Супермен.
Новата продукција ќе биде дел од претстојната услуга за стриминг на „DC“.