Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, му се закани на тимот на тимот дека ќе имаат големи проблеми ако некој повторно си дозволи да го бојкотира тимот.
Причина за официјалното строго предупредување на газдата се покажа однесувањето на Пјер Емерик Обамејанг, кој беше продаден во Арсенал по рекордните четири суспендирања поради несериозно и непрофесионално однесување во сезоната.
„Во четвртокот се појавив пред целиот тим и им кажав многу јасно – следниот фудбалер кој ќе направи нешто слично, ќе има сериозни проблеми“, објасни Вацке пред „FAZ“.
„Тој ќе си навлече многу сериозен проблем. Неговата цена ќе опадне нагло. Следниот кој ќе си дозволи да го постави клубот под напон ќе биде испратен на трибините. Веќе сите ја знаат мојата позиција. Во однос на етиката и карактерот, случајот со Осман Дембеле во текот на летото беше катастрофално за тимот“.
„Борусија Дортмунд од 2011 и 2012 година, која ги освои титулите, не беше толку добра од фудбалски аспект. Но, тимот имаше нешто што недостасува во моментов – дух и најдобар можен менталитет кој можете да замислите. Тоа е следното, врз кое мораме да работиме“, рече Вацке.