Жерар Деулофеу некогаш беше посочуван за најголема надеж на Барселона, но така и не успеа да се претвори во уште еден дијамант, кој излегол од Ла Масиа. 23-годишниот фудбалер не успеа да се наметне во првиот тим на каталонците и при вториот престој на „Камп Ноу“, а во зимскиот трансфер прозорец безславно напушти во насока Англија, каде ќе ја доигра сезоната на позајмица во Ватфорд.
Атмосферата на Островот е далеку од непозната за крилото, кое има три сезони со тимот на Евертон. Шпанскиот репрезентативец веќе дебитираше за „стршлените“ при ремито со Стоук Сити. Деулофеу ја посочи причината зошто тој одлучил повторно да го напушти својот матичен клуб, и тоа сигурно не е изненадувачки.
„Јас не сум играч кој сака да седи на клупата. Кога се вратив во летото, Нејмар веќе замина. Но, потоа Дембеле дојде прво, а потоа Кутињо. Единствено решение беше да се оди некаде каде што ќе играм за да ја вратам самодовербата“, рече Шпанецот.
Пред да оди во Ватфорд, Деулофеу имаше 62 натпревари за Евертон во Премиер Лигата, каде што постигна 5 гола.