Де Хеa почна да го „уценува“ Јунајтед за пари

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Давид Де Хеа започна да се пазари со Манчестер Јунајтед за нов договор и нова плата која, според „Сан“, може да скокне до 375 илјади фунти неделно.

Шпанскиот репрезентативец е баран од Реал Мадрид во последните неколку години и тоа му дава полни основи да преговара за повисока плата. 27-годишниот голман освен тоа може да ја надмине и рекордната плата на Алексис Санчез, кој добива по 500 илјади фунти неделно.

Во моментот Де Хеа заработува 210.000 фунти и неговиот договор истекува летото наредната година. Двете страни веќе преговараат, а според „Сан“, Де Хеа ќе ја сака барем платата на Пол Погба, кој зема 300.000 фунти неделно.

Слични содржини