Англиската легенда и поранешен фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, Дејвид Бекам направи прогноза за претстојната средба од 1/8-финалето на Лигата на Шампионите помеѓу двата тима.
„Тешко ќе биде за Реал, бидејќи ПСЖ е во топ форма. Тоа сепак е моментот на Реал, бидејќи тие го сакаат овој турнир. А и имаат во своите редови играч како Кристијано Роналдо. Ова е еден од оние моменти во кои врвните играчи треба да докажат зошто се такви. Сигурен сум дека ова ќе биде неверојатен натпревар за гледање“, изјави Бекам.
„Тешко е да се каже кој тим претпочитам да победи, ги сакам двата клуба. Поминав четири одлични години во Реал Мадрид. Не бев толку долго во ПСЖ, но ја освоив титулата во Франција и беше одлично“, рече Бекам.
Во моментов ПСЖ доминираат во Лига 1, додека Реал продолжува да тоне во Шпанија, откако одигра само 2: 2 на гостувањето кај Леванте и е на незавидната четврта позиција.