Google објави свежи податоци за популарноста на различните верзии на Android, од кои станува јасно дека мобилната платформа има нов лидер.
Верзија Android Nougat 7.0-7.1, пуштена пред околу 18 месеци, сега е инсталирана на 28,5% од мобилните уреди под управување на Android. До неодамна, Android Marshmallow 6.0 беше втор, со 28,1 проценти сега.
На трето место е Android Lollipop 5.0-5.1 со удел од 24,6%, според податоците на Google за 7-дневниот период, кој заврши на 5 февруари 2018 година. Најновата верзија Android Oreo 8.0-8.1 има удел од 1,1% , во споредба со 0,7% месечно порано.
Фрагментацијата не се должи на тоа што корисниците на сакаат да ги надградуваат своите уреди, туку на фактот дека производителите и операторите не брзаат да насочуваат смартфоните кон платформата Nougat, пуштена уште во август 2017 година
Во рангирањето за најпопуларните Android верзии влегуваат уште KitKat (12%), Jelly Bean (5%), Gingerbread (0,3%) и Ice Cream Sandwich (0,4%).