(ВИДЕО) Нормално ли е? Том Брејди го бакнува синот во уста

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Том Брејди е во срцето на сериозна дебата по објавувањето на видео на Фејсбук во кое го бакнува неговиот 11-годишен Џек Џек долго време.

Во видеото ѕвездата на американскиот фудбал лежи на маса и добива масажа кога детето влегува во собара и бара дозвола да провери нешто. Во одговорот Том прашува: “Што ќе добијам” и тогаш малиот син го бакнува набрзина на усните. Реакцијата на Брејди е: “Тоа беше многу набрзина” и детето се враќа за втор бакнеж, која трае релативно подолго.

Фото: Instagram

Многу Американци реагираа негативно на прикажаното и го осудија однесувањето на сопругот на Жизел Бундхен како неморално, а медиумите дури побараа мислење од семејни терапевти, за да разрешат дали спортистот  поминал некои родителски норми. Ни тој, ниту неговата сопруга не го коментираа “скандалот”.