
Освојувачот на „Златната топка“ за оваа година, Кристијано Роналдо сфаќа дека не е веќе млад и треба да биде многу внимателен за неговата физичка состојба.
„Животот е предизвик. Се обидувам да одржувам највисоко физичко ниво поради мојата професија. Јас секогаш треба да бидам на 100 проценти. За да се одржам на ова ниво, потребни се многу лишувања. На 20-годишна возраст, правев работи што сега не можам да ги правам. Морам да одржувам рамнотежа. Малите детали ја прават разликата“, изјави ѕвездата на Реал Мадрид во интервју за „GQ“.
„Јас сум амбициозен, многу амбициозен. Луѓето мора да ги следат своите соништа. Бев во потрага по мојот сопствен сон и продолжувам да го правам тоа, за да одам нагоре и да постигнам се повеќе и повеќе. Повеќе сакам да размислувам за сегашноста, а помалку за минатото“, рече Португалецот.
„Сè е фантастично. Моето семејство станува се поголемо. Многу сум среќен. На професионално ниво, имав две многу добри години во кои освоив важни трофеи со клубот и со националниот тим“, рече Роналдо.