Бездомник пронајден починат кај Зелено пазарче

од desk2
129 прегледи

Повозорасен бездомник утрово е пронајден починат на плочникот кај месарницата пред Зелено пазарче во Скопје.

Од погребалното претпријатие „Бутел“ го подигаа телото на бездомникот, а на местото имаше и полиција, како и лекар кој ја констатираше смрт.

Пазарџиите коментираат дека го познавале бездомникот и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето во центарот на Скопје.

Како што информираа од полицијата за Плусинфо, станува збор за 50-годишен маж, а случајот во полиција бил пријавен во 6.30 часот./Плусинфо