Лудило: Кристијан Пулишиќ од Дортмунд чини 100 милиони евра

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Борусија (Дортмунд) ќе ги разгледува понудите за својaтa ѕвезда Кристијан Пулиши’, единствено ако се над 100 милиони евра, соопштува германскиот сајт sport1.de.

Во моментов „жолто-црните“ немаат намера да се разделат со американското крило, кој има само 19 години. Покрај тоа, од Дортмунд се задоволни што Путишиќ е подготвен да го продолжи својот сегашен договор, кој истекува во јуни 2020 година.

Но, во секој случај, тие откриле и цена, за која кандидатите можат да се обидат. Претходно, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Ливерпул беа споменувани дека имаат интерес, но ништо официјално не беше потврдено.

Во оваа сезона Кристијан Пулишиќ има 26 натпревари за тимот, во кои постигнал 4 гола и 2 асистенции.

Слични содржини