Баерн Минхен е на пат да нанесе нов удар по Шалке и да привлече уште една ѕвезда на тимот без пари во текот на летото, вели „Mundo Deportivo“.
Станува збор за Макс Мајер, кој се уште не е дал одговор на раководството на „рударите“ дали ќе го продолжи неговиот договористекува на крајот на сезоната договор.
Каталонското издание тврди дека поврзуваниот за преминување во Барселона, Мајер не останал фасциниран од фактот дека „каталонците“ не се целосно убедени во неговите квалитети.
Затоа тој постигнал договор со баварскиот гигант, каде е на пат да заигра со актуелниот соиграч Леон Горецка, чиј договор со тимот од Минхен беше прогласен минатиот месец.
Мајер игра силно како „шестка“, но во Баерн ќе има сериозна конкуренција на овој пост, бидејќи тимот ги има Хави Мартинез, Тиаго Алкантара, Артуро Видал и Себастијан Руди.
Шалке не се откажал од Мајер и сака да го продолжи договорот со него, но по зборовите на самиот фудбалер неговата одлука ќе биде донесена во месец март.