Викторија Бекам ги разочара бројните фанови низ светот, откако ги негираше гласините дека групата „Спајс Грлс“ ќе се собере повторно за турнеја, пренесе ДПА.
„Јас не одам на турнеја. Девојките не одат на турнеја“, вели 43-годишната пејачка во интервју објавено во саботното издание на „Вог“. Претходно овој месец женскиот бенд најави дека планира повторно да работи заедно на „нови можности“ речиси две децении по распаѓањето.
На прашање на списанието за нејзините планови, Бекам вели: „Има нешто толку силно во пораката за тоа што да наметнат „Спајс Грлс“. Што е тоа во иднина? Како изгледа тоа? Ние едноставно нафрливме идеи. Спонтано“.
Поп квинтетот во состав Викторија Бекам, Мелани Браун, Мелани Чизхолм, Гери Хорнер и Ема Бантон прошири во социјалните медиуми заеднички фотографии, направени во станот на Хорнер крај Лондон. Се верува дека ова е првиот случај после 2012 година во кој петте жени се нашле во иста просторија. Нивната последна заедничка изведба во живо беше за церемонијата на затворањето на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, потсетува ДПА.