Toyota RAV4 е најпродаваниот SUV автомобил

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Focus2move направи пласман на најпродаваните SUV во 2017 година. Првото место е за  Toyota RAV4, чија продажба минатата година се зголеми за десет проценти.

Лидерот во SUV сегментот во 2016 година Хонда CR-V го освои второто место. Продажбата на овој модел, во споредба со 2016 година, се зголеми за речиси еден процент.

Третото место од најпопуларните автомобили во SUV категоријата е Volkswagen Tiguan, чија продажба се зголеми за 37,5 проценти.

Десетте најпродавани SUV и кросовери ги вклучуваат и Hyundai Tucson, Nissan Qashqai, Nissan Rogue, Nissan X-Trail, Kia Sportage и Mazda CX-5.

Генерално, експертите забележуваат дека SUV претставуваат скоро 38% од вкупниот број на продадени автомобили во 2017 година.

Минатата година беа продадени вкупно 30 милиони SUV и кросовери. Клучните пазари за SUV сегментот беа Кина, САД и Канада.