Двојничката на Ким Кардашијан ги привлече погледите на Олимпискиот лизгачки турнир во Пјонгчанг. Вчера Канада го освои златото во тимскиот натпревар за титулата, но ова не беше најкоментираната тема по трката. Многу повеќе возбуда предизвика појавувањето на Габриел Дејлман од тимот на „јаворовиот лист“, во чиј изглед многумина открија сличности со светски познатата реалити ѕвезда.
Телевизиските гледачи беа убедени дека ја виделе Ким Кардашијан за време на извршувањето на Дејлман, а корисник на „Твитер“ напиша: „Габриела изгледа како одамна загубената сестра на Кардашјан“. Друг пак додава: „Ова е Ким Кардашијан, но нејзината мајка и даде лизгалки наместо кукла Барби“.
Но, додека Ким Кардашијан заработува пари, разголувајќи се и снимајќи релити шоуа за телевизија, Дејлман тврди дека работели цврсто за да стигне до Пјонгчанг.
„Се скршив од работа за да влезам во овој тим. Имаме неверојатно, силен тим и јас сум горда што победивме и бев дел од овој успех“, рече канадската натпреварувачка.