Неверојатно! Ливерпул изгуби 11-годишен рекорд од Сити, и го врати за 24 часа

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Петкратниот европски клубски шампион Ливерпул му покажа на Манчестер Сити кој командува со европските битки, враќајќи престижен рекорд само 24 часа откако го загуби од „граѓаните“.

Како што е познато, Сити го победи Базел 4-0 на гости во вторникот и ја постигна најголемата победа на англиски тим при посета во елиминациите на Лигата на шампионите.

Претходно, најголемото достигнување се држеше од Ливерпул, кој го победи ПСВ среде Ајндховен со 3:0 во сезоната 2006/07. Само еден ден откако беше претекнат од Манчестер во престижниот пласман, клубот од „Енфилд“ си го врати со уште поимпресивни 5:0, кој ги даде против двократниот европски шампион Порто.

Уште повеќе, „црвените“ станаа првиот англиски тим кој дал пет гола во фазата на елиминација на турнирот на богатите.

Ливерпул се изедначи со Баерн Минхен и Реал Мадрид кога станува збор за најефикасната победа на гостински терен во фазата на елиминација. Во 2009 година, „Баварците“ го поразија Спортинг во Лисабон со 5:0, а во 2014 година Реал Мадрид го уништи Шалке на германско тло со 6: 1.

Оваа сезона Ливерпул постигна 28 гола во Лигата на шампионите, што е исто така рекорд. Со оглед на силната победа минатата ноќ, момчињата на Јирген Клоп ќе имаат најмалку три дуели на располагање за да продолжат со импресивната серија погодоци.

Слични содржини