Корисник си го сака Windows 7 назад или 600 милиони долари од Microsoft

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Френк Дикман од Њу Мексико, САД, поднесе тужба против Microsoft и лично против Сатја Надела за надомест во врска со наводно „прекршување на граѓанските права“, кое се случило, кога неговиот лаптоп Asus бил автоматски ажурирани од Windows 7 до Windows 10.

Корисникот побарал нова копија на Windows 7 или 600 милиони долари, пишува „The Register“. Според жалбата поднесена во окружниот суд во Денвер, Колорадо, проблемот за Дикман започнува кога неговиот лаптоп Asus 54L, обезбеден со Windows 7, се обновил до Windows 10 и „веднаш станал дисфункционален“.

Сега Дикман сака да премине од Windows 10 назад кон Windows 7 преку дигитален код за превземање и активирање, доставен од Microsoft. За да го добие, тој ги тужи Microsoft и Надела, особено. Судот дал на компанијата од Редмонд 30 дена, за да му го обезбеди на Дикман софтверот или да плати повеќе од половина милијарда долари за надомест на штета.

„Единственото разумно решение за Microsoft е да достави OEM верзија на својот оперативен систем која ќе биде симната од веб страницата на компанијата и потврдена преку „key“ кодот што оди со компјутерот“, се вели во барањето на Дикман.

„Ако Microsoft и неговиот извршен директор Сатја Надела не ја обезбедат оваа функција во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето, тие треба да платат … 600 милиони долари како компензација“, категоричен е тужителот.

Слични содржини