Поранешната јапонска сноубордистка Мело Имаи објави остар свиок во кариерата на елитна проститутка и еротски модел, искажувајќи желба повторно да биде професионален спортист.
На 18 години, Јапонката е меѓу учесниците на Олимпијадата во Торино во 2006 година, но се повредува за време на трката и останува меѓу последните во халпајп. Следува целосна промена и таа почнува да ги обиколува баровите.
„Заработував пари, откако танцував и нудев сексуални услуги. Некогаш знаев да заработам по 9.000 долари за вечер. Сега сакам повторно да сум спортист и се обидувам да не се разголувам многу“, признава 30-годишната сноубордистка, која неодамна ја обнови својата кариера.
Имаи покажа дека не ги заборавила своите вештини и освои трка во Јапонија, што и дава надеж дека не завршила со спортот.