Исполнет услов, ништо не може да го запре трансферот на Мбапе

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Единствената потенцијална пречка за преминот на Килијан Мбапе од Монако во Пари Сен Жермен е елиминирана. Во моментов, напаѓачот игра за парижаните и на крајот на сезоната ќе биде откупен за 180 милиони евра.

Според RMC Sport, само едно нешто можеше да го запре овој договор. Договорот предвидува дека, со цел да се реализира трансферот, ПСЖ треба да биде дел од француската елита и во следната кампања – т.е. да не испадне. Во саботата, тимот на Унаи Емери го совлада Стразбур со 5:2 и математички го обезбеди својот престој во Првата Лига.

Инаку Мбапе немаше потреба од никаква аклиматизација во новиот тим, а тоа говори фактот дека досега тој има 15 гола и 14 асистенции во 32 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања.

Договорот на францускиот репрезентативец со клубот ќе биде до летото 2022 година.

Слични содржини