245
Францускиот актер Жерар Депардје поднел молба за добивање на државјанство од Алжир.
Ако молбата му биде задоволена, тоа ќе биде четврто државјанство што тој го добива – по Франција, Русија и Белгија.
„Имам намера да живеам во Алжир, како Ерик Кантона, кој одамна е во градот Оран. Навикнат сум да живеам на многу места по малку, и Алжир ќе биде едно од нив. Сметам дека почитта кон луѓето во оваа земја е голема и затоа сакам да одам таму“, рече Депардје.
Актерот одамна се идентификува како граѓанин на светот. Тој веќе има три пасоши и насекаде, каде што добил државјанство, навистина живее по неколку месеци во годината.