339
Кралицата Елизабета Втора за првпат присуствуваше на Лондонската модна недела, за да врачи награда, која е своевидно признание за британскиот моден дизајн, пренесоа американските медиуми.
Таа ја додели првата награда „Елизабета II“ за британски дизајн на дизајнерот роден во Лондон, Ричард Квин.
Кралицата седна во првиот ред меѓу присутните, во близина на главната уредничка на списанието „Вог“, Ана Винтур.
Елизабета Втора носеше фустан од твид, дизајниран од Анџела Кели, и јакна со декорација од кристали „Сваровски“.
Кралицата ја додели наградата на последниот ден од Лондонската модна недела.