Нова гласина околу ажурираниот iPhone SE, кој се очекува оваа година, доаѓа од кинеската QQ.com. Засега информациите не се потврдени од друг извор и пристапуваме кон неа со одредена доза недоверба, но сепак во неа се тврди дека Apple ќе го претстави iPhone SE 2 за време на конференцијата WWDC во јуни.
Сајтот пишува дека уредот ќе има дизајн кој е сличен на оној на оригиналното издание на iPhone SE со метално куќиште, сензор за отпечатоци и релативно големи рамки под и над екранот, чија дијагонала ќе биде зголемена до 4,2-инчи. A10 Fusion чипсет, 2GB RAM и вградена меморија од 32GB / 128GB се споменуваат во однос на техничките спецификации.
Информациите се уште се во сферата на гласините, но во интерес на вистината, Apple не претставила паметен телефон на овој настан од 2010 година.
Неодамна и познатиот аналитичар Минг Чи-Куо ја стави под сомнение веројатноста Apple да пушти iPhone SE во вториот квартал на годината, но се очекува уредот да предложи логични работи, како побрз процесор и ниска цена.