224
Шпанската фудбалска лига го казни дефанзивецот Рубен Семедо со сопирање на платата откако 23-годишниот фудбалер беше обвинет за обид за убиство и грабеж. Семедо беше обвинет дека заедно со двајца свои пријатели врзале друг маж, врз кого тројцата користеле насилство, а освен тоа го ограбиле и неговиот дом.
Виљареал рече дека биле шокирани од обвиненијата за еден од најистакнатите играчи, но додаде дека ќе го казнат Португалецот додека случајот не стане јасен.
Виљареал го привлече Семедо во текот на летото за 14 милиони евра од Спортинг (Лисабон).