246
Ракометарките на Вардар попладнево загубија на гостувањето против Мец со 24:22 (10:10). За вардарки ова е првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите.
Натпреварот беше рамноравен во сите 60 минути и ниту една од двете екипи не успеа да направи поголема разлика од два гола.
Ѕвезда на мечот беше голманката Рајчиќ со 19 одбрани, Лејно фати 10 топки на ракометарките на Мец. Најефикасна во составот на Вардар беше Лекиќ со пет голови, по три имаа Пенезиќ, Лазовиќ, Радичевиќ и Лакрабер.
Во следното, претпоследно коло од главната фаза во ЛШ, Вардар на 2 март во Скопје го пречекува Битигхајм.