„Ракетите“ продолжуваат да летаат високо во НБА

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Кошаркарите на Хјустон продолжуваат да импресионираат со претставувањето во НБА и изминатава ноќ запишаа 12-та последователна победа, откако го победија Денвер со 119:114 на гости.

Џејмс Харден нанижа 41 поен, а Крис Пол додаде 23, а тоа беше најтешкиот успех за тимот од Тексас за време на победничката серија, откако во просек разликата во натпреварите беше над 12 поени.

Тимот е со биланс 21-4 од 29 декември и вкупно 46-13, откако продолжува да биде на врвот не само на Запад, но и во НБА.

Ракетите водеа со 17 поени на почетокот на последната четвртина, пред Нагетс да го стопат заостанувањето до 106:110. Гери Харис пропушти од тројка да го намали уште заостанувањето, по што Харден постигна два пенали, а 46 секунди пред крајот постигна кош и од просечно растојание за 114:106, за да осигура конечен триумф.

Во друг натпревар Сан Антонио ја сопре серијата од 4 порази по ред, откако го порази Кливленд како гостин со 110: 94. Тимот на Грег Поповиќ решија сѐ во последниот дел, кога ги постигнаа првите 11 поени, поведоа со 87:74 и не погледнаа назад.

Останатите резултати:

Шарлот – Детроит 114: 98
Милвоки – Њу Орлеанс 121: 123 (прод)
Вашингтон – Филаделфија 109: 94.

Слични содржини