9 години по нејзината венчавка, Жизел покажа каква невеста била

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Како повеќето светски парови, Жизел Бундхен и нејзиниот сопруг Том Брејди строго го чуваат приватниот живот од медиумското внимание. Затоа, кога двојката сподели ретки фотографии од нивната венчавка, тие предизвикаа голем интерес.

Причината за ова е нивната 9-та годишнина.

Прекрасниот бел фустан на Бундхен е дело на дизајнерот Стефано Габана.

Пред 9 години еден од најпознатите модели во светот и нејзиниот сакан се венчаа во Санта Моника, Калифорнија. И два месеци подоцна, во април, направија втора свадба во Костарика.

Live, Laugh, Love…..and I Love You! Feliz Aniversário! Te Amo muito!!❤️??

A post shared by Tom Brady (@tombrady) on

Бундхен и Брејди се среќни родители на две деца – 9-годишниот Бенџамин и 5-годишната Вивијан.

До минатата година, Жизел беше најплатениот модел во светот, според списанието „Форбс“. Во 2017 година, таа беше заменета со 22-годишната Кендал Џенер.

Слични содржини