Гонзалез: Треба да го подобриме нападот, не бевме на ниво против Нант

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Ракометарите на европскиот шампион Вардар во недела во Скопје ја пречекуваат Висла Плок во последниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите.

На „црвено-црните“ им треба најмалку бод за да го задржат првото место на табелата и да обезбедат директен пласман во четвртфиналето на ЛШ.

Тренерот на тимот, Раул Гоналез на денешната редовна прес-конференција пред натпреварот, изрази надеж дека неговите ракометари ќе одиграат многу подобро отколку во Нант и ќе дојдат до победата.

– Играчите се мотивирани, фаворити сме на овој натпревар, трениравме добро. Треба да го подобриме нападот бидејќи не бевме на потребното ниво против Нант. Сите екипи против нас го даваат максиумот, Висла игра добар ракомет, има квалитетни играчи, но верувам дека ќе победиме, изјави Гоналез.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов изјави дека очекува поддршка од полна сала и триумф против гостинот од Полска.

– На натпреварите со Нант и со Загреб не одигравме како што знаеме, но тоа е нормално, се случуваат такви работи во спортот. Во добра ситуација сме, играме на домашен терен и со помош на публиката ќе дојдеме до победа против Висла. Се е во наши раце. Уште не сме во потребниот ритам и не сме на она ниво на кое знаеме да бидеме. Ни треба време да тренираме заедно и мислам дека формата ќе оди само нагоре, истакна Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Висла ќе се игра во недела, од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Слични содржини