300
Поранешниот фудбалер на Челзи, Френк Лампард може да се врати во клубот како тренер, ако „сините“ се разделат со Антонио Конте, пишува „The Sun“.
Лампард ја заврши својата кариера во 2017 година, и сега е во процес на тренинг курс и стекнување на „А“ лиценца.
Таблоидот тврди дека Лампард веќе прифаќал понуди како тренер и раководството на Челзи размислува каква улога да му понуди.
Според информациите на „Стемфорд бриџ“ не ја исклучуваат можноста дури и да го назначат Лампард за менаџер, на местото на Конте, и покрај недостатокот на искуство.