Pussycat Dolls повторно заедно – сега или никогаш

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Веќе подолго време се зборува за собирање на женската група Pussycat Dolls, но пред сличен настан очигледно има доста пречки.

Кимберли Вајат од групата гостуваше во „BBC Radio“ и на прашањето дали подготвуваното од пред некое време собирање на бендот на крајот ќе се случи, таа одговори дека ако не се соберат сега, тешко дека некогаш повторно ќе се случи.

Кимберли рече „сега или никогаш“ и потврди дека разговори имало и по нејзините зборови се прави се што е можно за тоа да се случи.

„Би сакала да бидам на сцената со овие прекрасни и талентирани жени“, рече Кимберли.

Токму таа пред неколку години беше една од членките на групата, која тврдеше дека нема шанси повторно да се соберат.

Времето сепак лекува сè и очигледно се уште има шанса за нов албум и турнеја на сексапилните девојки од Pussycat Dolls.

Слични содржини