Samsung Galaxy Note 9 се појави во бенчмарк

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Во базата на податоци на услугата за споредбени тестови HTML5test се појави следното издание на фаблетот Galaxy Note.

Тест уредот е со продукт код SM-N960U што наведува на помислата дека тоа е американската варијанта на Note 9.

За жал од HTML5test не може да се извлече особено многу корисни информации за параметрите на телефонот надвор од тоа дека веќе има функционални прототипи на фаблетот.

Единствената вистинска вест е соодносот на екранот, што е повторно 18,5:9.

Како што е познато, Samsung го користи овој сооднос во најновите модели и очигледно Корејците нема да направат никакви промени во Galaxy Note 9.