По помалку од 24 часа во болница, најскапиот фудбалер во светот Нејмар по операција, на нозе. Тој беше подложен на интервенција во Бело Оризонте поради скршена метатарзална коска и веќе е испишан.
Клиниката објави дека рехабилитацијата на ѕвездата може да се одвива целосно дома и веднаш се врати на својот имот. Таму тој ќе биде под постојан медицински надзор на цела група на медицински лица.
И покрај брзата интервенција и заминувањето од болница, лекарите сè уште не се обврзуваат да предвидат кога ќе може тој да се врати на теренот. Тие ќе бидат во можност да откријат краен рок за закрепнување после шест недели.
Ова го става под огромен прашалник не само учеството на Нејмар во натпреварите на ПСЖ до крајот на сезоната, но дури и на Светското првенство во Русија во текот на летото.
Надежите на бразилската репрезентација се целосно поврзани со него, па лекарите во неговата татковина ќе сторат сé за да го подигнат на време.