192
Една од ѕвездите во подем на англискиот фудбал – халфот на Манчестер Јунајтед, Скот Мектомини, нанесе голем удар по имиџот на националниот тим на својата татковина Англија.
Причината за ова е дека 21-годишниот играч од средниот ред, кој дефинитивно е меѓу милениците на Жозе Мурињо, избра да игра не за својата татковина, туку за Шкотска.
Играчот од средниот ред има шкотскиот корени, бидејќи татко му е роден таму.
Тој е силно посакуван од селекторот на Шкотите, Алекс Меклиш, но од ФА исто така имаат апетити играчот да игра за Англија.
Желбата на Мектомини е поврзана со фактот дека сите роднини на страната на татко му се Шкоти.