Водостоите високи, но со тренд на намалување

од desk2
45 прегледи

Водостоите на речиси сите реки во Македонија се повисоки од просекот за март, но имаат благо намалување во однос на вчера, покажуваат најновите податоци од мерењата на Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Треска на мерното место кај Македонски Брод каде има мало зголемување на нивото исто како и Црн Дрим кај Ложани, Голема Река кај Ресен, Сатеска кај Ботун и Блато кај Боротино.

Водостоите на природните езера се во рамките на повеќегодиншниот просек за овој месец иако се бележи мало зголемување на нивоата на Охридското и Дојранското Езеро.