Околу 600 сервери за „копање“ на биткоин и други криптовалути биле украдени од дата центрите во Исланд, која е рај за крипто-валути, поради природното ладење и ниската цена на електричната енергија.
Четири кражби се регистрирани во периодот декември-јануари, но од истрагата засега не дала резултати, откако се обидуваат да влезат во трагит на криминалците. Во моментов се уапсени неколкумина осомничени, чувари на дата центрите, но злосторствата не се целосно разјаснети.
Според претставници на полицијата, на кои се повикува WCCFtech.com, кражбите се со невиден досега обем и се извршени од добро организирана криминална група. Се тврди дека вредноста на украдената опрема изнесува 2 милиони долари.
Крадците сепак можат да добијат повеќе од серверите, ако ги користат за намената, односно за копање на дигитални пари. Тактиката на истрагата се базира токму на оваа претпоставка – со помош на снабдувачите на електрична енергија се следи потрошувачката на струја во целата земја со надеж да бидат откриени делови со необичен раст.
Слична истрага може да биде лесна задача, бидејќи Исланд е позната дестинација за копачите на крипто-валути. Тоа несомнено ќе ја олесни работата на истражителите.