Креаторот на Siri ја критикува Apple за начинот на кој е развиена технологијата

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Apple неодамна го објави својот паметен звучник HomePod, опремен со личниот асистент Siri. Иако тој се одликува со одличен звук, многу критички осврти упатија сериозни забелешки кон паметниот асистент на Apple, што повторно ги постави на преден план неговите несовршености.

Сега основачот на Siri, Норман Винарски ги критикуваше гигантите и ги обвини дека му дал премногу амбициозен сет на задачи на Siri, а во исто време не го направил асистентот доволно сигурен.

„Очекував дека со Siri, Apple повторно ќе не изненади и возхити, но овие работи во моментов недостасуваат“, рече тој.

Според него, првично Siri е создаден само со цел да служи како помошник за забава и патувања. Со други зборови, додека асистентот е во можност да ви даде информации за ресторани, филмови и временската прогноза, решението на Apple да ја претвори во целосно опремен асистент за сите сфери од животот беше избрзано и очигледно ќе одземе доста време.

Првичната идеја за Siri била да одговара за малку нешта, но беспрекорно.

„Тие очигледно бараат ниво на совршенство што не можат да го постигнат. Кога имаш милијарда клиенти, нивните прашања се сѐ потешки“, завршува Винарски.

Слични содржини