Марко Ројс го продолжи договорот до 2023 година

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Голема ѕвезда на Борусија Дортмунд – Марко Ројс потпиша нов договор со тимот.

Новиот договор со „жолто-црното“ крило е до 2023 година, а денес веста беше објавена од германскиот гигант.

„Го носам дресот на Борусија од 2012 година. Среќен и горд сум што објавувам дека ќе продолжам да го правам тоа. Дортмунд е мојот дом, Борусија е мојот клуб од детството, кога сонував да трчам, облечен во црно и жолто, и да играм за овој клуб. Овој потпис е јасен знак за мојата иднина“, рече Ројс по потпишувањето на неговиот договор.

Слични содржини